Тренерот на фудбалерите на Лацио, Симоне Инзаги, верува дека неговата екипа ќе биде крајно мотивирана во градското дерби со Рома кое ќе биде одигран в петок од 20.45 часот во Серија „А“.
„Сите знаеме што значи дерби меч. За нас е секогаш значајно да ги победиме. Гледам дека сите се свесни за предизвикот“ – вели Инзаги.
„Рома е стабилен тим, треба да бидеме агресивни и одлучни. Немаме право на грешка, свесни сме за тоа“ – потенцираше тренерот на „лацијалите“.