Инзаги со проблеми пред стартот на сезоната во Серија „А“

0

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги не е среќен со составот кој што го има на почетокот на сезоната во Серија А. Лацио гостува кај Сампдорија в недела, но нема да може да сметаат на неколку клучни играчи за овој натпревар.

Првиот проблем е одбраната. Новодојдениот Мануел Лаѕари има скршена рака и испаѓа од комбинација за гостувањето во Џенова. Инзаги нема намера да ризикува со уште едно ново засилување, Денис Вавро. Причината е што Словакот досега не играше многу и сè уште не може да се навикне на системот кој го игра Лацио. Затоа, тој ќе биде во комбинација подоцна откако ќе се навикне на шемата на Инзаги. Според ова најверојатно во одбраната ќе бидат триото кое ќе го сочинуваат Франческо Ачерби, Стефан Раду и Бастош.

Друг проблем со кој се соочува тренерот на Лацио е нападот. Чиро Имобиле е подготвен да игра, но во моментов нема кој да го поддржува во нападот. Фелипе Кајседо е повреден и нема да може да учествува на натпреварот и клубот нема друг напаѓач.

Share.

Leave A Reply