Инзаги: „Сосема заслужено сме во 1/16 финалето на ЛЕ“

0

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, беше многу задоволен од успехот со 2:1 над Олимпик Марсеј и пласманот на неговиот тим во 1/16 финалето од Лигата на Европа.

Тој верува дека ова е целосно заслужено во поглед на тоа што покажаа неговите играчи.

„Момчињата беа исклучително добри. Ние освоивме шест поени од два натпревари со Олимпик Марсеј и втора последователна сезона се пласираме понатаму во ЛЕ, пласманот го обезбедивме две кола пред крајот. Мислам дека нашиот пласман е целосно заслужено. Ако треба да бидам искрен, бев изненаден од тактичките промени во нивната игра. Досега не морав да дејствувам со пет играчи  во одбрана, што го смени сето она што го подготвив за натпреварот. Некако ни помогна тоа што минатат недела игравме со СПАЛ кој игра слично на нив”, изјави Инзаги.

Share.

Leave A Reply