ИО за промени во МОК достави иницијатива за Вонредно собрание

0

Инцијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет составен од националните спортски федерации кои ги преставуваат олимписките спортови, на прес-конференција ја престави доставената иницијатива за промени во составот на МОК.

Во името на 26 спортски федерации на олимписки спортови, но и на бројни наши спортисти учесници на олимписките игри, претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска, ја презентираше иницијативата која е доставена во МОК уште пред крајот на минатиот месец, а истата се однесува на организирање на регуларно Вонредно собрание на МОК на кое ќе се изврши промена на членот 10 од Статутот во согласност со олимписката спортска повелба.

„Бараме почитување на олимписката спортска повелба, како што е тоа во сите национални олимписки комитети. Тоа значи дека во Собранието на МОК мнозинството на гласови да биде од националните спортски федерации од олимписките псортови. Иницијативниот одбор за уредување на односите во олимпискиот спорт на 27 септември поведе иницијатива за одржување легитимно вонредно собрание на МОК, согласно одредбите од олимписката повелба, законот за здруженија и фондации и законот за спорт. Затоа го замоливме првиот човек на МОК да закаже вонредно собрание во МОК во рок од 30 дена. ИО доколку МОК не закаже Собрание е подготвен да ги искористи сите можности во месец октомври да се закаже и одржи вонредно собрание“, вели Војнеска.

Share.

Leave A Reply