Македонскиот олимписки комитет, Владата и Агенцијата за млади и спорт, во наредните шест месеци ќе треба да ги исполнат задачите добиени од Интернaционалниот Олимписки Комитет, беше заклучено на состанокот во Лозана на кој присуствуваа Жером Поиви од ИОК, Даниел Димевски и Ѓорги Тасев како претставници на нашата Влада како и претседателот на МОК, Васил Тупурковски, генералниот секретар Сашо Поповски и спортскиот директор, Владимир Богоевски.
Средбата ја иницираше ИОК во насока на унапредување на состојбите во спортот во Македонија а заклучоците се дека МОК, Владата и АМС ќе ги следи четирите патокази и истите ќе бидат имплементирани.
На средбата е нагласено дека ИОК не го признава барањето за „вонредно собрание“ на МОК кое беше иницирано од лица кои се надвор од структурите на нашиот Олимписки комитет.