ИОК го суспендираше Фредерикс

0

Интернационалниот олимписки комитет очекувано го суспендираше, Френки Фредерикс, кој е обвинет во Франција за земање на мито поврзано со гласањето за домаќин на Олимписките Игри во 2016 година.

Наводно, поранешниот атлетичар примил 300.000 американски долари од еден бразилски бизнисмен на 2.октомври во 2009 година токму кога земјата на „кариоките“ ја доби организацијата на Игрите. Медиумите објавија дека во скандалозниот случај  посредувал и синот на поранешниот претседател на ИААФ, Ламина Дијара

.„Земајќи ја в предвид тежината и итноста на ситуацијата како и нејзиното влијание на угледот на ИОК, извршниот одбор одлучи да го суспендира Френки Фредерикс“ – стои во соопштението. Фредерикс се обиде да негира дека земал мито објаснувајќи дека парите му биле уплатени на име на консултантски работи во атлетиката.

 

Share.

Leave A Reply