Меѓународниот олимписки комитет издвои 800 милиони долари за да покрие дел од трошоците од економски аспект поради одложувањето на Олимпијдата во Токио за наредната година.
„Ситуацијата со корона-вирусот бара од сите да се жртвуваме. Ќе сториме се да ги намалиме трошоците поради одложувањето на ОИ и да го задржиме духот на олимпизмот“ – изјави претседателот на ИОК, Томас Бах.
ИОК одлучи организаторот да добие 650 милиони долари додека меѓународните спортски федерации и националните олимписки комитети ќе поделат 150 милиони долари.