ИОК побара од Русинот да ги врати медалите

0

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) испрати официјално барање до Александар Зубков, кој во моментов е претседател на руската Федерација во боб, да ги врати двата златни медала од Олимписките игри во Сочи во 2014 година.

„ИОК ја прифати одлуката на спортскиот арбитражен суд која не беше обжалена. Од таа причина, упативме официјална молба за враќање на медалите” – се вели во соопштението на олимписката централа.

Дисциплинската комисија на ИОК, под водство на Денис Освалд, одлучи дека Зубков e виновен за кршење на анти-допинг правилата и му ги поништи резултатите од Олимпијадата во Сочи кои му ги донесоа двата златни медала.

Share.

Leave A Reply