ИОК повторно ќе дозволи настап на селекцијата составена од бегалци

0

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) порача дека репрезентацијата составена од спортисти-бегалци, по настапот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Рио во 2016 година, би можела да настапи и на ЛОИ во Токио во 2020 година.

Во бразилскиот град Рио де Жанеиро под олимпиското знаме настапија 10 спортисти- бегалци од Сирија, Конго, Етиопија и од Јужен Судан а се натпреваруваа во пливање, атлетика и во џудо.

„Тешко е да се каже колку спортисти ќе има, но, разговараме за таква потенцијална репрезентација составена од бегалците, кои би биле дел од ЛОИ во Токио“ – вели портпаролот на ИОК, Марк Адамс.

Share.

Leave A Reply