Ирвинг казнет со 50.000 долари поради прекршување на Ковид-19 протоколите

0

Супер-ѕвездата на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, заработи казна вредна 50.000 долари. Причината е во тоа што Ирвинг ги прекршил протоколите кои ги донесе раководството на НБА по повод пандемијата со Ковид-19.

Имено, кошаркарот бил на организирана забава на која не носел заштитна маска. На таа роденденска забава присуствувале над 15 луѓе. Тој ќе биде карантин пет дена, по што ќе мора да биде ќе тестиран. Ако биде позитивен јасно е дека нема да игра натпревари за својот тим во периодот на изолација.

Share.

Leave A Reply