Ирвинг нема да го напушти Бостон

0

Кошаркарот на Бостон Селтик, Кајри Ирвинг, дефинитивно ќе ја продолжи соработката со НБА клубот откако ќе му истече тековниот договор.

Според најавите, тој разговарал со челниците на Бостон по што добил ветување дека во наредното лето ќе му биде понудена нова соработка. Самиот Ирвинг неодамна изјави, дека сака да остане во Масачусетс и во наредниот период.

Одличниот кошаркар во првата сезона помината во редовите на Селтик  имаше во просек на натпревар по 24 поени, 3,8 скокови и 5 асистенции.

 

 

Share.

Leave A Reply