Иско е во конфликт со Зидан и ќе си оди од Реал

0

Реал Мадрид планира да се раздели со еден од најдобрите креативци во шпанскиот фудбал, Иско. Причина за заминување на Иско од Мадрид е наводен конфликт кој фудбалерот го има со тренерот Зидан.

Францускиот стратег и соопштил на управата дека односот со Иско во соблекувалната не е добар и дека фудбалерот серизно ја загрозува атмосферата во тимот.

За Иско има интерес од сите големи европски тимови, но се зборува дека во прв ред Манчестер Сити би можел да се обиде да го купи ова лето. 25-годиниот Шпанец има клаузула за раскинување на договорот во висина од 700 милиони евра, но ако Реал (М) сака да се ослободи од него ќе седне на директни преговори со заинтересираните купувачи за многу пониска цена.

Share.

Leave A Reply