Иско може да го пропушти мечот со Севилја

0

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, кој поради повреда тренирал индивидуално во фитнес салата, може да го пропушти утрешниот меч на теренот на Севилја во рамките на новото коло во Примера Дивизион.

Тренерот на „кралевите“, Лопетеги, изјавил дека допрва ќе одлучи дали 26-годишниот крилен фудбалер ќе го понесе на утрешното гостување на  -„Рамон Санчез Писхуан“. Во исто време и дефанзивецот, Даниел Карвахал, поради проблеми со мускулот на ногата  работи под посебна програма надвор од тековните активности на тимот.

Според објавеното од „кралскиот клуб“, сите други фудбалери ќе му бидат на располагање на Лопетеги за тешкот гостување кај Севилја. Неговиот тим досега по 5 одиграни кола има 13 бодови.

 

 

Share.

Leave A Reply