Иско се враќа, само Карвахал ќе недостасува

0

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско се опоравил од операција и се очекува да биде во составот ан својата екипа за утрешниот натпревар со Леванте од новото коло на „Ла Лига“.

Тој тренирал целосно и тренерот Јулен Лопатеги изјави дека е подготвен за да одигра неколку минути на оваа средба.

Единствениот кој сеуште се подготвува со посебен режим е Дани Карвахал. Марсело, Герет Бејл и Карим Бензема немаат проблеми и ќе му бидат достапни на тренерот на тимот.

Од „Сантијаго Бернабеу“ официјално ќе го објават составот за овој натпревар вечерва во 20:00 часот.

Share.

Leave A Reply