Ислами трчаше под своите можности на ЕП во Берлин

0

Македонската атлетичарка Дрита Ислами не ги оправда очекувањата и истрча послабо од своето најдобро и од пријавеното време на ЕП во атлетика кое се одржува во Берлин.

Ислами според постигнатиот резултат го освои 21. последно место на 400 метри со пречки на Европскиот шампионат кој денес започна во Берлин.

Во квалификациите кои се одржаа утринава, Ислами имаше резултат 1:02.23 минути, што е послабо од нејзините можности. Ислами трчаше во втората од трите квалификациони трки на 400 метри со пречки. Таа во Берлин дојде со резултат 59.33 секунди, остварен во јуни минатата година. Годинава најдобриот резултат на Ислами е 60.68 секунди од Медитеранските игри во Тарагона, но сега во Берлин беше послаба и од овој резултат.

Најдобра во квалификациите беше Вера Рудакова од Русија, која истрча со време 56.24 секунди.

Следниот наш атлетичар кој ќе се појави на ова ЕП е Дарио Ивановски кој утре ќе биде дел од квалификациите на 1.500 метри.

Share.

Leave A Reply