Судиите од Исланд, Јонас Елијасон и Антон Палсон ќе му судат на Вардар во полуфиналето со Монпелје (франција) на завршиот фајнал-фор турнир во Лигата на ракометните шампиони кој ќе се реализира во германскиот град Келн.
Второто полу-финале меѓу француските екипи Нант и ПСЖ ќе го судат Гјединг и Хансен од Данска. ЕХФ во исто време ги одреди и судиските парови за решавачките мечеви за конечен пласман.
Финалето го добија Шпанците Оскар Лопез и Анхел Рамирез додека мечот са третото место ќе го водат Лах и Сок од Словенија.