Историски пласман во финалето на НБА лигата за момците од Канада

0

Кошаркарите на Торонто Репторс ќе играат во финалето на НБА лигата за првпат во историјата, откако во шестиот меч од финалето на Истокот ги совладаа Милвоки со 100:94.

По водството на Милвоки со 2-0 во серијата, Торонто нареди четири победи по ред и избори историско финале. Милвоки имаше предност и од 15 поени во финишот на третата четвртина и се чинеше дека ќе го изедначи резултатот, меѓутоа Репторси се вратија на крилата на Каваи Ленард.

Ленард го заврши мечот со 27 поени, 17 скокови и седум асистенции, Паскал Сиакам имаше 18 поени. На другата страна Јанис Адетокумпо беше најефикасен со 21 поен.

Торонто ќе се обиде да дојде до големиот трофеј во лигата против актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс и првите два натпревари ќе се играат во Торонто.

Share.

Leave A Reply