Историски пресврт и победа на Кливленд

0

Кошаркарите на Кливленд ја солвадаа Индијана со 119-114 по историскиот пресврт кој го направија, враќајки се од негатива од 26 поени до трета победа во првата рунда од НБА плеј-офот.

Леброн Џејмс со 17. трипл-дабл во плеј-офот со 41 поен го предводеше шампионот до големиот пресврат. Кавси го направија третиот најголем пресврт во историјата на НБА плеј-оф дуелите, благодарение на извонредниот Џејмс кој во второто полувреме сам постигна 28 поени. Одлична партија имаше и триото Ирвинг, Лав и Џеј Ар Смит кои постигнаа по 13 поени.

Мемфис се врати во живот по стартните два порази од Сан Антонио, па синоќа на домашен терен ја обезбеди првата победа. Гризлис славеа со 105-94 и се изборија за првата победа во плеј-офот. Милвоки во последниот ноќешен меч ја обезбедија втората победа над Торонто, овој пат прва дома, откако славеа со 104-77.

Share.

Leave A Reply