Италијанците излегоа со нов дел на ореолот

0

Тимот на Ферари во Формула 1 имаше иновативен приод со прикачување на огледала на ореолот на болидот. Тоа го овозможува новото правило на ФИА  за користење на споменатиот елемент. Орелот стана задолжителен во 2018 година откако безбедносниот уред беше тестиран речиси две години.

Огледалата поврзани со ореолот се ограничени и со мали аеродинамички елементи. На крајот на април, Николас Томбазис од ФИА, испрати техничка директива до сите тимови со која потврди дека е дозволено да ги пренесат огледалата на ореолот. Директивата одредува дека огледалата мора да бидат доволно силни и стабилни, не смеат да вибрираат премногу и да го ограничуваат видокругот на пилотот.

Не е дозволено ретровизорите да се закачат истовремено за ореолот и за шасијата – треба да се избере само една од опциите.

Share.

Leave A Reply