Италијанците ќе направат последен обид за ангажман на Кореа

0

Напаѓачот на фудбалскиот состав Атлетико Мадрид, Анхел Кореа, кој не успева да се наметне за првиот тим кај тренерот, Диего Симеоне, може да направи трансфер во италијанскиот гигант Милан.

„Росонерите“ во текот на летово континуирано притискаат да дојдат до потписот на 24 годишниот напаѓач кој има трансферна вредност од 50-ет милиони евра. Токму високото обештетување што го бараат Шпанците за да го ослободат Кореа, досега беше главна пречка да се реализира најавениот трансфер.

Сега пак, медиумите тврдат дека Милан по долгите преговори ќе испрати последна понуда од околу 40-ет милиони евра која би требало да биде прифатена од првите луѓе на Атлетико Мадрид.

Share.

Leave A Reply