Валентино Роси, еден од најдобрите возачи во историјата на Мото Гран При шампионатите, најави, дека нема да брза со потпишување на нов договор со екипата на Јамаха.
Популарниот „доктор“ има тековна соработка со сегашниот состав во крајот на 2020 година, но, неговата последна сезона беше крајно разочарувачка. Тој во континуитет заостануваше зад помладите возачи и на крајот мораше да се задоволи со седмата позиција во вкупното рангирање што претставува негов најлош пласман од 2011 година.
„На крајот на наредната сезоната мојот договор ќе истече по што ќе треба да донесам одлука околу мојата иднина. Најверојатно се ќе зависи од моите резултати на патеката. Ако бидам конкурентен ќе го продолжам договорот“- вели Роси.