Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Максимилијано Алегри, верува дека неговито тим може да оди во 1/ 4 финалето во Лигата на шампионите иако вчера загуби на теренот на Атлетико Мадрид со 2 спрема 0 во првиот меч од осминафиналната фаза.
„Стилот на Атлетико не се менува. Го разбива ритамот на противникот и го забавува темпото. Ние се фокусиравме на движењето на топката. Ќе мора да бидеме активни во реваншот“ – вели италијанскиот тренер.
„Во Торино мора да играме многу брзо и прецизно. Мора да го заборавиме поразот и да се подготвиме реваншот. Роналдо играше добро и апсолутно не разочара“ – вели тренерот на Јувентус.