Италијанскиот Суперкуп натпревар меѓу Јувентус и Милан ќе се одигра во Саудиска Арабија. Двете екипи ќе се соочат на 16 јануари на стадионот во Џеда.
Решението за избор на оваа држава како домаќин на мечот се најавуваше од порано, пред се поради финансиската страна, но се очекуваше потврда. Пред неколку недели, Амнести Интернешнл ги повика италијанските клубови да одбијат да играат во Саудиска Арабија поради тензиите околу убиството на новинарот Џамал Хашоги.
Сепак, парите го решија проблемот. Според информациите во италијанските медиуми, двата клуба ќе добијат по 3 милиони евра, за настапот во Џеда.