ИТФ ќе ја испитува Корнет

0

Французинката, Ализ Корнет, се најде под лупата на Интернационална тениска федерација бидејќи не се појавила на допинг тест.

28-годишната тенисерка која е 42-та на ВТА листата, може да добие сериозна казна ако не даде доволно добар изговор. Француската тениска федерација објави дека е информирана за одлуката на „ITF“. Во информацијата се појаснува дека Корнет не била на располагање на дури три вонредни допинг контроли во последниве 12 месеци. Самата тенисерка има друга верзија за тоа што се случило.

„Од 20-те допинг тестови кои ми ги направија во 2017 година а кои беа негативни, имаше 3 ненајавени посети во мојот дом кои морав да ги пропуштам од објективни причини”, изјави Корнет.

Share.

Leave A Reply