Иванишевиќ: Надал и Новак ќе го поминат Федерер по бројот на трофеи

0

Горан Иванишевиќ, тренерот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по победата на Ноле на Австралија опен, вели дека Шпанецот Рафаел Надал и Ѓоковиќ ќе го престигнат Федерер по бројот на освоени трофеи.

„Пред неколку години реков дека Рафа и Новак ќе го поминат Федерер. И сè уште сум сигурен во тоа. Овие момци ме изненадуваат секој ден. Рафа дефинитивно ќе освои барем уште еден турнир, се надевам дека нема два. Тие се неверојатни. Момците играат сè подобро и подобро. Младите тенисери се се поблиску, но големата тројка е се подобра. Не знам кога ќе заврши нивната доминација. Можеби тие ќе ги надминат резултатите на Маргарет Корт и Серена, но, она што го прават на теренот е неверојатно. Импресивно е како тие играат на најважните натпревари“, вели Иванишевиќ.

Share.

Leave A Reply