Ивановиќ е нов член на Зенит

0

Српскиот дефанзивец Бранислав Ивановиќ е нов член на екипата на Зенит, а воедно договорил повеќе од добра плата во оваа екипа.

Тој ќе добива по 3,2 милиони евра по сезона и ќе биде еден од најдобро платените фудбалери на Зенит. Клубот сеуште не го има објавено официјално привлекувањето на дефанзивецот на Челзи. Тој, сепак, позираше со дрес на Зенит и сликата брзо беше распространета на социјалните мрежи.

Челзи го пушти Ивановиќ без обештетување. Се претпоставува дека неговиот договор со Зенит ќе биде за 2,5 + 1 години. За Србинот ова ќе биде втор престој во Русија, каде што тој играше во екипата на Локомотив (Москва) до 2008 година, по што премина во Челзи.

Share.

Leave A Reply