Ивановски и Ристиќ победници на 19-тиот Меморијален Крос „Методи Веновски – Мето“

0

Денес во Парк шумата „Гази Баба“ во организација на АК Работнички се одржа 19-тиот Меморијален Крос „Методи Веновски – Мето“.

Дарио Ивановски (АК Делта), кај мажите, и Миљана Ристиќ (АК Делта), кај жените, се победници на овој крос. Дарио Ивановски успеа да го повтори успехот од претходнит крос кога успеа да триумфира. Второто место кај мажите му припадна на Атанас Анчевски (АК Делта), додека трет беше Муџахид Мислимовски (АК 7-ми Мај).

Во женска конкуренција победи Миљана Ристиќ, а  зад себе ја остави второпласираната Весна Кираџиева (АК Индјуренс), додека на третото место заврши Рената Соколовска (АК Делта).

Share.

Leave A Reply