Ивановски претпоследен на 1500 метри на ЕП во Берлин

0

Македонски атлетичар Дарио Ивановски, не ги исполни очекувањата и истрча многу послабо од своето најдобро постигнување во квалификациите на Европското првенство во атлетика во Берлин на трката на 1500 метри.

Нашиот атлетичар заврши на 33. место од пријавени 34 атлетичари. Времето на Ивановски со кое финишираше во првата квалификациска трка изнесуваше 3:57.52 минути. Послаб резултат од него оствари само Карлес Гомез од Андора.

На Медитеранските игри во Тарагона минатиот месец Ивановски беше далеку подобар поставувајќи го најдоброто свое време на 1500 метри, 3.47.13 минути.

Share.

Leave A Reply