Ивановски второпласиран на „Бели Крос“ во Белград

0

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски, атлетичар на АК Работнички, го освои вторто место на престижниот „Бели Крос“ кој по 51. пат се одржа викендов во Белград. Станува збор за трка на 6000 метри на која Ивановски со резултат од 18 минути, 44 секунди и една десетинка заврши зад победникот, Јан Кокаљ од Словенија (18:39,6).

Покрај Ивановски, на оваа долгогодишна манифестација се појавија и уште неколку други наши атлетичари. Милош Ранчиќ го освои 7. место, Игор Јакимовски беше 17-ти, додека Стефан Милановски 21.

Share.

Leave A Reply