Избраниците на Алушовски влегуваат во ритам

0

Ракометниот состав на Еурофарм Работник деновиве во Маврово ќе ја одработи првата фаза од подготовките за претстојната сезона.

По ангажманот на повеќето нови играчи во текот на летово, тренерот Стевче Алушовски, сега ќе има на располагање 24 ракометари кои ќе се обидат да се наметнат за место во тимот кој треба да се појави во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Тоа се двете меѓународни конкуренции во кои Битолчани ќе дебитираат во наредната сезона.

Според предвидениот план за работа и подготовка, Еурофарм Работник првите контролни средби ќе ги одигра кон средината на месец август на традиционалниот меѓународен турнир во Струга.

Share.

Leave A Reply