Избраниците на Станковски покажаа најмногу на турнирот во Скопје

0

Македонската репрезентација до 16 години го освои првото место на развојниот турнир на УЕФА кој се реализираше во Скопје.

Селекцијата предводена од Горан Станковски денеска го совлада Азербејџан со 2:1 а претходно славеше и против Саудиска Арабија (2:0) и против Грузија (2:0). На денешниот меч со Азербејџан головите за Македонија ги постигнаа Дашмир Елези во 3 минута и Рамис Беровиќ во 43. минута.

„ Пезадоволен сум од нашето издание и од фудбалерите. Покажаа одговорност и дисциплина во играта. Генерално ја добивме нашата слика и за квалификацискиот турнир за Елитна фаза, иако имаме доволно време за мали промени и дополнување на составот. Фудбалерите покажаа дека знаат и умеат и јас се надевам дека во наредниот период дополнително ќе напредуваме“ – изјави селекторот на Македонија, Горан Станковски.

Share.

Leave A Reply