Изработка на Стратегиски план на Олимписките спортски организации

0

Македонскиот олимписки комитет за потребите на Олимписките спортски организации во Република Македонија и во соработка со поранешниот Директор за стратешки прашања и обука на тренери на Американскиот олимписки комитет, д-р Питер Дејвис организира обука за изработка на стратегии за развој на Националните спортски федерации од Македонија.

Главен заклучок е дека без план и посебно без стратегија, не е можно да се постигнат високи спортски резултати.

Оваа активност односно консултантска услуга која ја дава МОК на спортскиот систем во Македонија е високо ценета и поддржана од страна на Националните спортски федерации од Македонија како и од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), кој овој модел на работа го предлага и на другите спортски системи кои целат кон врвен успех во спортот, како единствен вистински модел на работа на независниот и автономен Олимписки и спортски систем.

Share.

Leave A Reply