„Hawk-Eye Innovations“ е компанија која го обезбедува ВАР систем на Премиер лигата. Оваа компанија се извини за она што се случи во финишот на вчерашната средба меѓу Тотенхем и Ватфорд.
Во 86. минута од средбата Деле Али постигна гол за да го израмни резултатот на 1:1. Имаше сомнение дека Англичанецот играл со рака со топката, поради што главниот судија Крис Кавана побара помош од ВАР системот.
Откако ја испитале ситуацијата во ВАР собата, откриле дека Али не играл со рака, а голот беше признат како регуларен. Судијата Кавана веднаш покажа на центарот и на навивачите на стадионот се радуваа на постигнатиот гол. Сепак, на видео ѕидот на самиот стадион стоеше информација од ВАР дека нема гол. Ова доведе до целосна конфузија на гледачит. На крајот, се покажа дека е грешка на екранот.
Од страна на компанијата „Hawk-Eye Innovations“ се извинија за тоа и рекоа дека ја бараат причина за неусогласеност меѓу одлуката и она што било покажано на екранот.