Јада 99-ти на трката на 15 километри

0

Во конкуренција на 119 нордијци, македонскиот олимпиец Ставре Јада денеска го освои 99. место на трката во крос-кантри. Патеката од 15 километри, Јада ја мина со време од  42:14.2 минути.

Златниот медал го освои Швајцарецот Дарио Колоња со време од 33:43.9 минути. Второто место му припадна на Симен Кругер од Норвешка, кој заостана 18,3 секунди, додека бронзата ја освои Русинот Денис Спицов.

Share.

Leave A Reply