Јагањац од Металург е голгетер бр. 1 во СЕХА лигата

0

Ракометарот на македонскиот вицешампион Металург, Халил Јагањац е најдобар реализатор во регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата. По вчерашната победа над Целје во Скопје, Јагањац сезоната ја заврши со 100 постигнати гола, дури 5 повеќе од второпласираниот на листата, Бруно Баторац од татран Прешов.

Меѓу најдобрите пет реализатори во регуларниот дел од сезоната во регионалното натпреварување се најде уште еден ракометар на Металург, Филип Кузмановски. Тој сезоната ја финишираше со 75 постигнати гола, доволни за 5. позиција.

Најдобар реализатор кај лидерот Вардар е Тимур Дибиров, кој со 72 гола е на делба на 6. место на листата.

Share.

Leave A Reply