Легендарниот чешки хокеар, Јаромир Јагер, кој е косопственик и претседател на тимот на Кладно, изјави дека ќе игра и во наредната година за неговиот состав.
46-годишниот напаѓач ја започна сезоната во Националната хокеарска лига на САД и Канада во тимот на Калгари, но, по само 1 гол и 6 асистенции во 22 натпревари, заработи повреда на коленото во јануари и мораше да се врати во татковината.
Јагер поради повредата не успеа да одигра ниту еден меч за Калдно, но, изјави дека не планира да престане со хокејот .Тој има 24 сезони во НХЛ лигата во која е трет на вечната листа според бројот на одиграни натпревари (1733) и по постигнати голови (766).