„Јагуар“ се откажа од намерата да инвестира во „Силверстон“

0

„Јагуар“ соопшти дека нема да ги реализира плановите за изнајмување или купување на легендарната англиска патека –  „Силверстон“.

Познатата компанија водеше преговори а во плановите беше вклучена изградба на музејски центар, канцеларии и хотел. Патеката има широк параметар а во различни децении била сведок на подвизите на Хуан Мануел Фанџо и Аертон Сена. Се наоѓа во регион познат по развојот на мотоспортот.

Иднината на патеката е нејасна поради лошата финансиска ситуација на сопствениците. Таа може да влијае и на одржувањето на Гран При на Велика Британија во Формула 1.

Share.

Leave A Reply