Јагуриновски се сели од Металург во Вардар

0

Ракометниот клуб Вардар добива ново засилување за новата сезона, а тоа е десниот бек Томислав Јагуриновски кој всушност е првото засилување за тимот откако претходно  актуелниот европски првак Вардар ги продолжи договорите со Ристовски, Мишевски, Анастасовски, Гашовски и Крстевски, аод поодамна веќе беше договорено доаѓањето на Дмитри Санталов.

Томислав Јагуриновски ќе биде перспектива за екипата на Вардар каде што се враќа по неколку сезони поминати во Металург, а собираше искуство со настап и битолските Пелистер и Еурофарм Работник две сезони.

Со своите настапи го натера селекторот Данило Брестовац  да го стави на поширокиот список за репрезентативните собири на сениорската селекција. Минатата година од Металург во Вардар дојде крилниот играч Димитар Димитриоски, а неговиот пример сега го следи и Јагуриновски.

Share.

Leave A Reply