Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски и неговиот тим Вашингтон Стејт многу рано го завршија својот пат кон најдобрите „четири“ во НЦАА лигата. Тимот од престолнината го загуби првиот натпревар од плеј-оф турнирот на дивизијата Пацифик-12 што се одржува во Лас Вегас.
Со тоа се практично елиминирани од трката за позиција погоре во актуелната сезона од НЦАА лигата. Кугарс загубија од Аризона Стејт со 64:59, во меч кој беше решен во последните секунди.
Јакимовски не доби голем простор и на овој квалификациски меч. Одигра само четири минути во кои имаше само една украдена топка и еден непрецизен шут за два поена.