Јакимовски влезе во идеалната петорка

0

Нашиот кошаркар, Андреј Јакимовски, влезе во идеалната петорка на  Европското првенство Дивизија „Б“ кое вчера заврши во Орадеја во Романија.

За МВП на шампионатот е прогласен израелскиот репрезентативец, Ноам Шимон Доврат а во идеалната петорка место обезбедија и Матеус Казовски (Полска), Давид Бом (Чешка) и Пеле Ларсон (Шведска).

Нашите јуниори не успеаа да се пласираат во А дивизијата за наредното Европско првенство иако имаа серија од 6 победи. Во полу-финалето загубивме од Израел додека во битката за третото место бевме совладани од Чешка.

 

Share.

Leave A Reply