Македонскиот каратист Берат Јакупи го освои златниот медал на Медитеранските Игри во Тарагона. Со победите над каратистот од БиХ, Мерис Муховиќ, Италијанецот Микеле Мартина, и онаа во полуфиналето на Србионот Дејан Цвркота, Јакупи обезбеди финале, каде имаше одличен настап против францускиот каратист Жеси да Коста и обезбеди победа за злато.
Освен Јакупи, со медал од Тарагона се враќа уште еден македонски каратист. Жарко Арсовски во изедначена борба со резултат 1:1 против Италијанецот Симоне Марино успеа да го освои бронзениот медал во апсолутна категорија над 84 килограми, бидејќи го освои првиот поен во борбата.