Јамаха ги заврши вонредните тестови

0

Валентино Роси од Јамаха и Маверик Винјалес и официјално ги завршија тестовите за календарскава година.

Тие одржаа дводневна приватна сесија на малезиската писта „Сепанг“ а на вториот ден им се приклучи и сателитскиот пилот во тимот, Јон Зарко. Јамаха не даде официјален коментар за тестот, но, се дознава дека главниот фокус бил ставен на изборот на конечната спецификација на моторот за наредната сезона именуван како М1.

Роси и Винјалес тестираа четири различни варијанти на моторот – мешавина помеѓу шасиите од 2016 и 2017 година. Наредниот официјален тест за кралска класа е закажан за 28 јануари повторно на Сепанг.

 

Share.

Leave A Reply