Јан Облак: „Жоао Феликс може да биде најдобар играч на светот“

0

Голманот на Атлетико, Јан Облак го пофали својот нов соиграч Жоао Феликс за она што го поседува како квалитет како играч , но и како човек.

„Не го познавав Феликс толку добро пред тоа, сè додека тој не се пресели во Мадрид и почна да тренира со нас. Тогаш само знаев дека тој има голем потенцијал и клубот вложи секакви напори да се осигура дека ќе му се придружи на нашиот тим.  Сега разбирам дека раководството направи одлична работа и донесе играч од висок профил во тимот. Мислам дека Жоао би можел да биде еден од најдобрите играчи во светот. Тој веќе игра добро и се надевам дека ќе продолжи во иста насока“, рече Облак за „Мундо Депортиво“.

Да потсетиме дека трансферот на Феликс во Мадрид го чинеше овој клуб 126 милиони евра. Тој стана најскапиот португалски играч во историјата.

Феликс минатата сезона одигра 43 натпревари за Бенфика. На овие натпревари постигна 20 гола и 11 асистенции. Во репрезентацијата на Португалија, напаѓачот има одиграно 1 натпревар.

Share.

Leave A Reply