Јаневски е на чекор до промоција во ЦСКА (С)

0

Македонскиот фудбалски стратег Чедомир Јаневски е многу блиску до договор со бугарска ЦСКА (С) за преземање на тренерската работа во тимот. Утрово бугарските медиуми објавија дека тој е веќе во Софија и ги чека конечните преговори за негово назначување на стадионот на бугарската армија.

Довчерашниот тренер на екипата на Вардар го раскина договорот со нашиот тим и сега е повторно на потег да преземе нов европски тим. ЦСКА (С) оваа сезона се избори за второто место во домашното првенство и настап во Лигата на Европа следната сезона.

Од редовите на софискиот тим веќе потврдуваат дека Јаневски кажал „ДА“ на понудата, но се уште се чекаат деталите за да се постигне финален договор. Се претпоставува дека Јаневски добил понуда во висина од 150.000 евра за едногодишен ангажман во Софија.

Share.

Leave A Reply