Јаневски: Го анализиравме Зенит, очекувам добар меч

0

Вардар ќе се обиде да го изненади Зенит на утрешниот меч од 1. Коло во групната фаза од ЛЕ. На прес-конференцијата вечерва во пресрет на вечерниот тренинг, Чедомир Јаневски ги истакна своите очекувања за утрешниот дуел.

„Ги анализиравме настапите на Зенит и во добра атмосфера се подготвуваме за утрешниот меч. Ова е првпат во историјата еден клуб од Македонија да игра вакви натпревари и тоа е голем мотив. Фудбалерите имаа малку одмор, направени се добри подготовки и се надема дека ќе имаме позитивен резултат“, вели Јаневски.

Капитенот Бобан Грнчаров истакна дека тој и неговите колеги утре нема што да загубат.

„Играме против доста квалитетна екипа, која секоја година игра во групната фаза на ЛШ или ЛЕ. Ова е наш прв меч, ние сме дебитанти. Сакаме да и покажеме на Македонија и на Европа дека играме добар. Играме пред домашна публика, се надевам ќе добиеме поддршка од публиката. Немаме што да загубиме во ова натпреварување, може само да добиеме“, истакна Грнчаров.

Share.

Leave A Reply