Јаневски: Мораме да веруваме во себе, да играме храбро и да освоиме бодови“

0

Фудбалерите на Вардар се пред последниот натпревар во Лигата на Европа за оваа сезона. Во Скопје утре гостува норвешкиот шампион Розенборг, а тренерот на тимот Чедомир Јаневски, посакува достојно завршување на оваа дебитантска сезона на Вардар во Лига Европа.

Вардар е единствениот тим во Лигата на Европа кој нема освоено бод, но напите играчи поскауваат позитивен резултат пред домашната публика и достојно простување од историскиот настап во ова европско клупско натпреварување.

„Пред нас е последниот натпревар во Лига европа. Од сите одиграни натпревари треба да собереме искуство, ние видовме како е да се игра во Лигата на Европа за првпат, и стручниот штаб и фудбалери. Посакувам овој настап да ни биде мотив за понатаму, повторно да се пласираме во европско натпреварување. Сакаме да ги освоиме првите бодовите, затоа што гледаме и резултатски. На трите гостувања бевме блиску до бодови, посебно на гостувањата кај Розенборг и Зенит. Тоа би го направиле само со добар пристап и верба во своите квалитети. Играме пред нашата публика, не ги одигравме првите два натпревари на ниво. Високите порази не болат, но сега сакаме да бидеме подобри против Розенборг.“, изјави тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски.Стратегот на Вардар има многу прблеми со составот на екипата поради повредените играчи, но сепак ветува дека играчите ќе се обидат да дадат се од себе и да извлечат поволен резултат.

„Поради неколку повредени играли ќе мора да менуваме. Брдаровски е отсустен, Хамбарџумјан нема да биде на располагање исто така, така што ќе мораме во дефанзивата да правиме неколку рокади. Да не бидете изненадени ако видите дека некој фудбалер е на неприродна позиција. Мора да веруваме во себе и покрај се, да истрчаме храбро и да дојдеме до посакуваните бодови на домашен терен“, потенцираше Јаневски.

Еден од играчите кои треба да бидат и главен адут на тренерот Јаневски е Дарко Велковски. Репрезентативниот играч очекува тежок натпревар, но потенцира дека посакува победа, за успешен крај во Лигата на Европа.

„Доаѓа тежок натпревар со екипата на Розенборг, има сличен стил како Копенхаген и Малме. Сите играчи се подготвени за овој натпревар и дека ќе успееме да ги израдуваме нашите навивачи. Нашиот стил на игра треба да биде по земја, затоа што против нас ќе имаме повисоки играчи“, изјави Велковски на официјалната прес-конференција.

Натпреварот меѓу Вардар и Розенборг се игра утре (четврток) од 21.05 часот. Претходниот дуел одигран во Трондхајм заврши со победа на домашната екипа со 3:1.

Share.

Leave A Reply