Јанг уште една сезона во Манчестер Ј.

0

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе го задржи крилото Ешли Јанг барем до летото следната година, откако тимот реши да ја искористи опцијата за продолжување на договорот за уште една година.

32-годишниот крилен играч е еден од најдобрите во тимот од почетокот на сезоната и неслучајно беше повикан од Герет Саутгејт во националниот тим на Англија за претстојните контроли со Италија и Холандија.

Во принцип, договорот на Јанг беше до крајот на сезоната, но сега тој ќе остане барем уште една година на „Олд Трафорд“.

Share.

Leave A Reply