Фудбалската Асоцијација на Англија најверојатно ќе поведе постапка против помошниот тренер на Челзи, Марко Јани, кој имаше непримерно однесување на саботното дерби со Манчестер Јунајтед одиграно во рамките на Премиер лигата.
Италијанецот кој имаше жестока расправија и контакт со тренерот на гостите, Жозе Мурињо, најверојатно ќе биде казнет и од страна на неговиот клуб, без разлика што Португалецот го прифати извинувањето и најави дека нема да поднесе пријава до ФА.
Однесувањето на Јани беше осудено и од многу познати фудбалски личности од островот.