Ракометната репрезентација на Макеоднија за играчи до 19 години е поразена во последниот натпревар од групната фаза на СП во Скопје.
Нашите млади ракометари не можеа да се препознаат од она што го играа вчера против Данска и загубија од Јапонија со убедливи 22:31 (11:15).
Макеоднија лошо го започна натпреварот направи неколку технични грешки што и овозможи на Јапонија да се одлепи и да дојде до водство од 6:0, а потоа таа разлика да ја одржува до пред крајот на првиот дел кој го добија со 15:11.
Во вториот дел слична ситуација на терено, немаа решение нашите ракометари за брзата игра на Јапонија, а во нападот беа без завршница. На крајот Јапонија се радуваше на победа од 31:22 и пласман на втората позиција, а Македонија завши на четвртото место во својата група.
Ова значи дека на 14 август во среда, Македонија за противник во осминафиналето ќе ја има селекцијата на Португалија која имаше пет победи и е најпријатното изненадување на ова СП.