Јапонија ја демантира веста на „Тајмс“

0

Јапонската влада е решена да ги одржи Летни олимписки игри, потврдија организаторите. Пред само неколку часа, „Тајмс“ излезе со сензационален материјал, според кој јапонските власти на таен состанок заклучиле дека најголемиот спортски форум не може да се одржи во 2021 година поради пандемијата со корона-вирусот.

Британското издание не го именуваше изворот на неговите информации. Веднаш потоа  организаторите на Игрите во Токио објавија дека премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга , изразил решеност Олимпијадата да се реалзира во текот на летото.

„Сите наши партнери се целосно фокусирани на организирање на Игрите. Се надеваме дека секојдневниот живот на луѓето ќе се врати во нормала што е можно побрзо. Продолжуваме да правиме напори да одржиме безбедна Олимпијада” – се вели во соопштението на организацискиот комитет.

Share.

Leave A Reply